train - онтологија

вежба повеќе

вежбаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се вежба) Прави вежби, добива умеење, вештина.
Примери:
Се вежба да плива.

воспита повеќе

воспитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Научи, привикне некого на нешто.
Албански: mësoj
Примери:
Ме воспитале на послушност и трудољубивост.

дресира повеќе

дресираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши дресура.
Албански: stërvit, zbus kafsh
Примери:
Тој дресираше две мечки.

извежба повеќе

извежбаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се извежба)
Албански: ushtroj, stërvit
Примери:
Тој се извежба во гаѓањето со пушка.

изучи повеќе

изучат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изучи) Добие некакво знаење, навик, вештина и сл.
Албански: përvetësoj, mësoj
Примери:
Тој се изучи тоа да го прави добро.

истренира повеќе

Види и: тренира (несв.)
истренираат
Вид збор: Глагол, свршен
тренира

обучи повеќе

обучат
Вид збор: Глагол, свршен
Пренесе некому знаење и искуство преку обука.
Албански: trajnoj
Примери:
Тренерот ги обучи играчите да играат добро.
(се обучи) Се стекне со определено знаење, се научи, се извежба за определена работа.
Албански: trajnohem
Примери:
Таа брзо се обучи да работи на компјутер.

привикне повеќе

привикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Навикне некого на нешто.
Албански: mësoj, stërvit
Примери:
Мајката го привикна детето да одржува хигиена.

приучи повеќе

приучат
Вид збор: Глагол, свршен
Научи некого нешто за кусо време, набрзина.
Албански: mësoj shpejt, përgatit
Употреба: Образование
Примери:
Ги приучивме некако новите работници да работат на новите машини.

тренира повеќе

тренираат
Вид збор: Глагол, несвршен
вежба, учи, подучува, обучува
Примери:
Тренира во подмладокот на Вардар.

учи повеќе

учат
Вид збор: Глагол, несвршен
(со предмет) Навикнува некого на нешто.
Албански: ushtroj, mësoj
Примери:
Треба да ги учиме децата на секакви незгоди, зашто не знаеме утре што ги чека.